Турскиот камион што пропадна имал дозвола да вози низ плоштад, ја издало Град Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/22 9:52 AM

Турскиот камион што пропадна имал дозвола да вози низ плоштад, ја издало Град Скопје

Турскиот камион што утрово пропадна на плоштадот во Скопје, во близина на фонатаната „Воинот на коњ“ имал уредна дозвола за да се движи низ пешачката зона.

Камионот сопственост на турска фирма требало да дојде до Камениот Мост, каде се снимале сегменти од серијата.

Ова за ММС го потврди и МВР:

-Денеска (23.11.2022) во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Плоштад „Македонија“, товарно возило „фиат“ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т.(31) од Република Турција, со двете предни гуми влегло во фонтаната на плоштадот. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека правното лице имало дозвола за влез на плоштадот, издадена од град Скопје, за снимање емисија пред „Камениот Мост“ . Увид ќе врши екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.