Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во западна Турција во близина на градот Дузча, 210 километри источно од најголемиот турски град Истанбул. Потресите беа доволно силни за да се почувствуваат во Истанбул и главниот град Анкара.
Најмалку 46 лица се повредени, соопштија официјални лица.
Проценките за длабочината на земјотресот варираат од 2 до 10 километри. Има извештаи за прекин на електричната енергија во регионот, како и за некои жители кои скокаат од балконите.
Друг земјотрес со јачина од 4,7 е забележан 20 минути по првиот.
Footage of the moment 5,9 magnitude #quake hit Düzce in northern Turkey. Tremors also felt across Istanbul and Ankara. 18 aftershocks recorded. No casualties or major damage reported so far. In Nov 99 in a 7,2 quake that hit Düzce over 800 ppl were killed pic.twitter.com/PUkZxGjl9N
— Selin Girit (@selingirit) November 23, 2022
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека нема информации за жртви. Сепак, турската агенција за катастрофи подоцна соопшти дека 37 се повредени во Дузче, еден во Истанбул, шест во Зонгулдак и еден во Сакарија на брегот на Црното Море и еден во Болу на југоисток.
Извор: Мондо.рс
Фото: Твитер принтскрин видео