Повторно пропадна камион на плоштад, сопственост на турска екипа што снима филм во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/22 9:01 AM

Повторно пропадна камион на плоштад, сопственост на турска екипа што снима филм во Скопје

Камион повторно пропадна на плоштадот „Македонија“, во близина на фонтаната „Воин на коњ“.

Очевидци за ММС велат дека станува збор за камион со турски регистарски таблички, односно дека  возилото е сопственост на турската екипа, која снима серија во Скопје.

Во Скопје во моментов се снимаат две турски серии.

ММС се обрати до МВР од каде рекоадека наскоро детално ќе информираат.

 

Не е прв пат на плоштадот да пропаѓаат тешки товарни возила.

Фото: Вангел Тануровски