(Видео) Менаџер на маркет пукал во вработените, убил над 10 луѓе – Масакр во САД – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/22 8:26 AM

(Видео) Менаџер на маркет пукал во вработените, убил над 10 луѓе – Масакр во САД

Масовно пукање се случило во стоковната куќа „Волмарт“ во американската сојузна држава Вирџинија, а полицијата соопштила дека, според првичните информации над 10 лица се убиени и ранети.

Според првите резултати од истрагата, менаџерот на маркетот најверојатно ги застрелал вработените. Засега се верува дека целиот инцидент се случил внатре во продавницата, меѓутоа полицијата соопшти дека телото на едно лице е пронајдено пред продавницата, пишува Би-би-си.


Во масовното пукање загинал и напаѓачот, но се уште не се знае дали тој се самоубил или бил елиминиран од полицијата.

Напаѓачот е пронајден мртов во продавницата, изјави портпаролот на локалната полиција Лео Косински.

– Полицајците влегле во продавницата и пронашле повеќе мртви и повредени, рече Косински и додаде дека полицијата сè уште не може да го потврди точниот број на загинати, но смета дека има „помалку од десет“.

Косински рече дека верува оти полицијата не отворила оган, но и оти меѓу загинатите е и напаѓачот. Полицајците сè уште ја разгледуваат продавницата во потрага по жртви, пренесува МИА.

Градските власти на Чесапик побараа од луѓето да се држат настрана од продавницата за време на истрагата.

Вработен во Волмарт се уклучи во живо на социјалните мрежи, кажувајќи им на гледачите дека неговиот менаџер влегол во просторијата за одмор и застрелал повеќе членови на персоналот.

Сенаторката од сојузната држава Вирџинија Луис Лукас објави изјава во која вели дека е „апсолутно скршена од тага поради тоа што последното масовно пукање во Америка се случи во Волмарт“ во нејзиниот округ.

„Нема да запрам додека не најдеме решенија за ставање крај на оваа епидемија на насилство со оружје во нашата земја која однесе толку многу животи“, нагласи таа.