Може да гласа кој сака – Нови правила за гласање на Евросонг 2023 – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/22 5:47 PM

Може да гласа кој сака – Нови правила за гласање на Евросонг 2023

Секоја година по одржување на Евросонг има негодувања околу победникот, особено за начиност на гласање, односно соседското  гласање, кое боде во очи а речиси сите го практикуваат.

Затоа оваа година организаторот EBU одлучи да воведе повеќе измени околу гласањето.

Првата измена е што од идната година за влез во финале, од двете полуфинални вечери ќе одлучува икслучиво публиката, односно гледачеите, а не како до сега комбинација на гласови од жирито и публиката, како што воведено во 2009 година.

Финалето ќе се решава со комбинацијата на гласови од публиката и поени од жирито

Од двете вечери по 10 учесници ќе влезат во финале, плус големата четворка и земјата домаќи.

Според информацијата објавена на официјалниот евровизиски сајт она што исто така е голема новина од идната година е што за прв пат во онлајн гласањето ќе може да учествуваат и луѓе од земји кои не се во конкуренција. Нивните гласови ќе бидат додадени на останатите и ќе имаат голема улога во одлучувањето за победникот.
Сите гледачи од земјите учеснички ќе можат да гласаат преку СМС, телефон или преку официјалната апликација, а оние што гледаат од други земји ќе можат да го сторат тоа преку безбедна онлајн платформа.

Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај 2023 година во Ливерпул, а 31 земја ќе се натпреваруваат за 20 места во финалето. Тие ќе им се придружат на Франција, Германија, Италија, Шпанија, домаќинот Обединетото Кралство и Украина, победникот на овогодинешното натпреварување.

Оваа година поради економската криза многу држави се откажаа, па затоа и не е чуден намалениот број на пријавени земји кандидати.

Како што веќе објавивме Македонија оваа година го откажа своето учество, токму поради економската криза.

 

Извор: esc-plus.com

(Видео) Дали ќе има струја да ја гледаме, а не да одиме на евровизија – Македонија го откажа учеството на Евросонг 2023. во Ливерпул