Доколку имате главоболка, можете да искористете лековити дарови кои ги нуди приридата. Речиси секогаш кога не боли глава посегнуваме по лекови, сакаме тоа чувство на болка и непријатност што побрзо да помине за да можеме да функционираме.Сите кои се соочуваат со мигрена или повремена главоболка знаат дека тоа чувство може да биде непријатно, па затоа ви предлагаме да испробате едноставен, здрав и потполно природен напиток.
Станува збор за чај кој подразбира мешавина од 3 билки кои помагаат кај боли, опуштање и делуваат релаксирачки. Овој чај можете да го пиете и превентивно, но и кога имате главоболка. Се прави многу едноставно, важно е да користите суви билки, а освен фин вкус , мирисот на овој чај е опоен и ќе помогне да се опуштите, но и полесно да заспиете ако имате проблем со несоница заедно со главоболката.
Рецепт за напиток против главоболка
Состојки:
2 лажички жалфија
1 лажичка од билката вратика
1 лажица лаванда
1 лажичка камилица (опционо по желба)
Подготовка:
Помешајте ги првите три наведени билки, а камилицата можете да ја додадете опционо ако го сакате тој вкус, а може и да допринесе и за мирисот на напитокот. Земете една лажица од мешавината и ставете ја во чаша, а потоа прелијте ја со зовриена вода.Оставете да одстои околу 30 до 60 секунди, па процедете го чајот и испијте го. Доколку имате главоболка, можете да пиете ¼ чаша на секој половина час додека додека главоболката не попушти. Напитокот можете да го пиете и топол и ладен.
Во видео снимаката погледнете ја целата постапка на подготовка на напитокот против главоболка:
Извор: sensa.mondo.rs
Фото: Freepik