Не ги штити работниците, туку жена му и пицеријата, нека штрајкуваат до утре, рече Арсовска за средба со ССМ – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/22 6:26 PM

Не ги штити работниците, туку жена му и пицеријата, нека штрајкуваат до утре, рече Арсовска за средба со ССМ

На денешната прес конференција градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска беше прашана и дали ќе ја прифати средбата со ССМ во врска со ситуацијата со ЈП Водовод.

-Со политички инструирани лица и лица кои работат за личен интерес нема што да преговараме. Со лица кои работат за заштита на правата на својата сопруга и пицеријата, во која се договараат работи од јавен интерес, нема што да преговараме. Може да штрајкуваат до утре. Со такви лица овој ситем треба да заврши. Надвор имате лица кои со месеци не земаат плата и тој Синдикат не ги штити нивните интереси туку ја штити сопругата на која и се одземени ингеренциите. Епа тоа нема да го дозволам, рече Арсовска.

На прашањето, пак, во врска со отказите во ЈП Комунална хигиена додаде:

-Некој си вработил 120 за два месеци, исто како во Водовод, така и во Комунална хигиена. Од сите лица што биле ангажирани сезонски, околу 280 им завршиле договорите на 80 и не им се продолжени договорите. Од секое ЈП беше побарано спроведување на реформа, кои лица не одат на работа и не ги извршуваат работните задачи, и е утврдено дека лица има кои по 4-5 години не оделе на работа. Тоа е многу сериозно. Не е точно дека има нови 40 вработени. Да можам јас имињата на неработниците јавно би ги објавила. Ако не е во судир со Законот за лични податоци јас јавно би ги објавила. Гледам разни афери за разни паразити, затоа јавно би ги објавила со бруто и нето плата колку зимале за неодење на работа. Да се види кои се, рече на крајот Арсовска.