Протестирајте пред штабовите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ – Арсовска жали што е камен на сопнување за богатење со народни пари – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/22 5:28 PM

Протестирајте пред штабовите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ – Арсовска жали што е камен на сопнување за богатење со народни пари

Поради блокадите и нестручните амандмани на ребаланс на буџетот, поднесени од ВМРО ДПМНЕ Градот Скопје е блокирано.

Благодарение на ова  ниту ФК Вардар ќе добие пари, ниту граѓаните ќе добијат субвенции, ниту скопјани ќе добијат садници. Поради блокада на буџетот од ВМРО ДПМНЕ нема да се изградат улици во Шуто Оризари, Аеродром, Кисела Вода, Чаир. Лицемерието се гледа во нивнот инаетење иако беа предупредени, тие одбија да ги преработат амандманите. Нема друго освен дека Трајко Славевски и советниците ги исполнуваат желбите на Мицкоски.Затоа апелирам, место Мицкоски приоритет да им бидат граѓаните. Реално, а не лажно да демонстрираат поддршка на програмата.
Ова меѓу другото го рече градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на средбата со новинарите, па се осврна на проблемот со градскиот превоз, поради кој денес се направи хаос.

-Од први јуни 2021 година исплатени се 111 милиони денари , од вкупно фактурирани 120 милиони обврски кон на „Слобода превоз“. Од истиот датум, за последните шест месеци  „Макекспрес“ има побарувања од 44 милиони денари и сите се платени. Затоа ги повикувам овие протести да ги префрлат пред ВМРО ДПМНЕ и СДСМ чии директори го генерирале долгот, а сега сакаат да го претстават како неуспех на Град Скопје и на новото раководство на ЈСП. Многу ми е жал што изминатите денови се политизираат состојбите во повеќе ЈП на штета на граѓаните. ЈСП извршува дејност од јавен интерес, а приватните бизниси нека си го прилагодат работењето. Тие имаат и обврски за фискализација на билетите и денес во УЈП апелирав да излезе на терен, бидејќи граѓаните се жалат дека не добиваат фискални. Имаат и обврска навремено да сообраќаат, како и соодветно ниво на хигиена. Ниту еден услов не го почитуваат. Приватните превозници имаат склучено договор на две години, кога го склучивме договорот апелиравме да ги усогласат еколошките стандарди и соодветно ниво на хигиена. Ниту еден од овие услови не ги почитуваат. Не верувам дека превземаат мерки за усогласување на еколошнките стандарди. Сметам дека токму ова е и причината зошто се најавуваат протестите, рече Арсовска, падодаде:

-Ова е цел да се почитуваат правилата, има отпор, болни се промените ама систем ќе има. Мора да се почитува. Ако немаат фискализација, парите ги ставаат во џеб. Тие пари место кај граѓаните, во буџетот некаде исчезнуваат. Никој не сака од повеќе пари што си ги ставал во џеб, сега да нема. Но сакаме правило и еколошки превоз. Тие правила ќе важат за сите. За прв пат во Македонија има ситуација каде се расчитува со оние кои не одат на работа, а земаат плата. Имаше обиди за штрајк од луѓе кои веќе 4-5 години не се во Македонија, а земаат плата. И сега неработниците ќе штрајкуваат и ќе се повикуваат на работнички права, рече Арсовска и се наврати за ЈП Водовод.

-Претседателот на синдикат Мичо Стојановски вели дека имало проблем во ова ЈП; причините се приватни. Тука тој е вработен, неговата сопруга и син му, си ги вработил. Нашите сомнежи се дека приватните причини се тие што го осакатија градот Скопје половина ден да нема јавен превоз. Сто ова е резултат на трулиот систем, кој се обидуваме да го поправиме. Оние кои имаат дирекно влијание да помогнат, го опструираат. Порано Владата давала милиони, а сега дава нула на ЈСП. Па ако ова не е политичко пореметување што е, рече градоначалничката.

Арсовска се осврна и на денешната  изјава на Ковачевски.

-Сметам дека неговата несмасна изјава е дел од неговото политичко неискуство и нема да ја земам за зло и мислам дека ќе покаже дека не мислел ништо лошо. Сакам да го прашам кој ќе ги одземе неговите и ингеренциите на Владата за проектите кои се ветени, а неизвршени, рече Арсовска, па запраша за авотпатот Кичево-Охрид, за Клинички центар,  изградбата на автопатот кон Крива Паланка, неспроведувањето на антикризните мерки и додаде:

– Би сакала да ви апелирам исполенте си ги прво своите ветување, па потоа на Град Скопје. Сакам да го потсетам дека ЈСП стана загубар во време на Шилегов. Го повикувам да изврши ревизија на фамозната донацијата за Универзална сала. Камчето што го рече Ковачевски за Лимак, од пет фази, во овој момент се во рализација  фаза 3 и 4 и наредната година ќе завршати, и покрај тоа што СДСМ имала четири буџети да ги реализира фазите 1, 2 и 5 воопшто не е почната. Небулозни се и тврдењата дека некој нешто не превзема, а за одговорноста знае тој каде да се обрати, му порача таа.

Во врска со изградба на пречистителната станица таа се обрати и на ВМРО ДПМНЕ И СДСМ.

-Ја разбирам нивната потреба да напаѓаат. И двете партии имаа свои претстаници во комисијата. Јасно ми е дека одлуката да се сменат членовите ги вознемири духовите, но едно мора да биде јасно. Политички договори за богатење со народни пари нема да дозволам се додека сум градоналалник. Знам дека не им е мило што го слушаат ова. Жал ми е што морав јас да бидам камен на сопнување. Пречистителната станица ќе се гради, но ќе се гради согласно закон и без политички влијанија, рече таа на крајот.

-(В.М.)