Актерката Ники Ајкокс почина од леукемија со која се бореше две години.
Актерката имала 47 години, а во 2020 година прво помислила дека има корона вирус пред да и биде дијагностицирана болеста.
Ники играше во сериите „Супернатурал“, „Досие Х“, „Провидес“, „Третиот камен од сонцето“… Таа се повлече од актерството во 2014 година и почна да пее и да готви, споделувајќи го секој момент со следбениците на Инстаграм. .
Во 2020 година, актерката првпат помисли дека се заразила со корона вирусот, бидејќи нејзината здравствена состојба нагло се влошила. Меѓутоа, стигнала ужасна дијагноза – леукемија и веднаш почнала со хемотерапија и трансплантација на матични клетки. По повеќекратни кругови лекување, Ники за жал почина изминатиот викенд.
Симптомите на леукемија често не се специфични, поради што е лесно да се помешаат со знаци на други, помалку опасни болести. Симптоми на леукемија се:
Замор
Чести инфекции
Потење
Честа појава на модринки по телото
Неправилно чукање на срцето
Краток здив
Обилна менструација
Крварење од носот или непцата
Извор: мондо.рс
Фото: Принтскрин Јутјуб