Силен земјотрес на Крит, издадено предупредување за цунами – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/22 8:53 AM

Силен земјотрес на Крит, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 5.5  степени ноќеска, половина час по полноќ го погодил грчкиот остров Крит, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) на Твитер.

На жителите им е издадено предупредување за цунами и им било наредено да се оддалечат од брегот на повисоките места.

Засега нема информации за причинета штета.

Според ЕМСЦ,  епицентарот бил во морето на околу 60 километри североисточно од Ситија, Крит.