(Видео) Имал секс култ, ги терал жените на операција без анестезија, па осуден на 8.658 години затвор – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/22 8:00 PM

(Видео) Имал секс култ, ги терал жените на операција без анестезија, па осуден на 8.658 години затвор

Лидер на култ обвинет дека принудувал сексуални робинки да се подложат на естетска операција без анестезија, е осуден на неверојатни 8.658 години затвор.

Аднан Октар (66) од Турција минатата година беше осуден по низа обвиненија од сексуална злоупотреба на малолетници до измама, како и обид за политичка и воена шпионажа. Таа пресуда на крајот беше укината, но на повторното судење (среда, 16 ноември), Октар беше осуден на 8.658 години затвор, осум пати повеќе од првичната казна.

На подолги казни беа осудени и 14 негови блиски соработници. Октар стана познат по ток-шоуто што го водеше на неговиот ТВ-канал А9, во кое беа измешани исламските религиозни дебати со апокалиптични лутања и атрактивни модели облечени во егзотична шминка, перики и фустани во стил на ропство.
Жените поврзани со него биле познати како „мачиња“, а неговиот култ во една фаза се фалел со околу 160 членови. Иако „мачињата“ беа најгласните застапници на неговото движење, многу жени кои го напуштија култот изјавија дека биле изложени на сексуална злоупотреба.

Седа Исилдар, која побегна од добро чуваниот комплекс на Октар, претходно изјави за Сандеј Тајмс како била намамена во култот и принудена да го оперира носот без никакво олеснување.

„Беше ужасно. Страшно. Сè уште се сеќавам на чеканот. Избројав колку пати ми го погодија носот со чекан и длето“.

Исилдар тврдеше дека сè уште била на училиште кога ја запознале со Октар и била принудена да се омажи за него. Друга жена претходно сведочеше на неговото судење дека Октар сексуално ја нападнал неа и другите жени. Таа исто така рече дека биле принудени да земаат контрацептивни таблети.

Полицијата во неговиот дом пронашла 69.000 апчиња за контрацепција, кои според него се користеле за лекување на кожни нарушувања и менструални проблеми.
Угур Сахин тврдеше дека бил тинејџер кога првпат слушнал за Октар и набрзо се откри дека тој бил еден од неговите „лавови“ кои регрутираат жени во култот. Тој рече дека неговата работа тогаш била да ги заведе и полека да им ја одземе независноста додека не биле изманипулирани во сексуални робинки. Сахин рече дека внесол околу 200 жени во култот. Октар се изјасни за невин и инсистираше на тоа дека  е обвиненет дека водел сексуален култ е „урбана легенда“.

ИЗвор: Мондо.рс