(Видео) Се омажила за чичко и, родила три деца – Брак кој околината го осудила – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/22 8:00 PM

(Видео) Се омажила за чичко и, родила три деца – Брак кој околината го осудила

Клаус и Џозефин, брачна двојка која живее во Германија со своите три деца, се чини дека се однесуваат како и секој друг пар, но од самиот почеток се соочуваат со многу негативни коментари за нивниот брак.

Клаус е роден чичко на Џозефин. Иако овој тип на брак е табу во Германија, тој е сосема легален според германските закони. Тие опишуваат како морале да се борат со предрасудите и негативните коментари, но истрајале.

 

Клаус за германските медиуми раскажа како првпат ја видел Џозефина кога таа била бебе. Тој тогаш имал 23 години. Долго време не биле во контакт, а го запознала кога имала 16 години.
Три години подоцна, тој и признал на својата внука дека има силни чувства кон неа, но и ветил дека нема да и пријде доколку таа не сака. Сепак, Џозефин одлучила да стапи во врска со нејзиниот 23-години постар чичко.

Нивниот брак е легален бидејќи од правен аспект во Германија нивната врска е од трет степен. Според германскиот закон, им е дозволено да се венчаат и да имаат деца, иако таквите случаи се многу ретки.

Двајцата се во брак 14 години и имаат три деца – две момчиња и едно девојче. Разликата во години не им пречи и нивниот брак е силен и хармоничен и покрај тоа што од почетокот наидоа на осуда од околината и грди коментари од оние на кои бракот на чичко и внука им е табу.

Извор: курир.рс/индекс.хр

Фото: Јутјуб принтсрин