(Видео) Спектакл! Свечено отворено 22. Светско фудбалско првенство – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/22 5:00 PM

(Видео) Спектакл! Свечено отворено 22. Светско фудбалско првенство

Во градот Ал Хор на стадионот „Ал Бејт“ попладнево спектакуларно е отворено 22. фудбалски Мундијал.

Познатиот холивудски актер Морган Фримен беше учесник на свеченото отворање, кој делуваше како еден вид церемонијал мајстор на церемонијата, кој пред публиката го читаше текстот подготвен за него.

Церемонијата на отворањето на Светското првенство во 2022 година се одржа на стадионот „Ал Бајт“ пред околу 60.000 гледачи.

Веднаш по свеченото отворање ќе се одржи првиот натпревар во кој Катар ќе игра против селекцијата на Еквадор.

На церемонијата настапија јужнокорејскиот пејач и член на БТС, Чонгхук и катарскиот пејач Фахадом Ал Кубаиси. Тие ја изведоа композицијата „Dreamers“.

Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани одржа поздравен говор.

На Светското првенство Катар 2022 ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи.

Во првиот и единствен денешен натпревар од 17 часот ќе се сретнат, домашната репрезентација на Катар и селекцијата на Еквадор.
Состав на групите:
А-групат: Катар, Еквадор, Сенагал и Холандија.
Б-група: Англија, САД, Иран и Велс.
Ц-група: Полска, Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија.
Д-група: Франција, Данска, Тунис и Австралија.
Е-група: Германија, Шпанија, Костарика и Јапонија.
Ф-група: Хрватска, Белгија, Канада и Мароко.
Г-група: Швајцарија, Србија, Бразил и Камерун.
Х-група: Португалија, Уругвај, Гана и Јужна Кореја.
Двете првопласирани од секоја група одат во осминафиналето.

https://www.youtube.com/watch?v=SGorxdeyiXc

Мундијалот во Катар е прв во историјата кој ќе се игра во зима. Ќе трае до 18 декември, прв што некогаш се одржал во арапскиот свет и прв во земја со мнозинско муслиманско население, како и второ Светско првенство кое целосно ќе се одржи во Азија.

Трофејот од минатиот Светски шампионат одржан во Русија 2018 година, го брани репрезентацијата на Франција.

МИА

Фото: МИА? Принтскрин Јутјуб