„За виното во хармонија со природата“ – Фестивал на младо вино во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/22 9:46 PM

„За виното во хармонија со природата“ – Фестивал на младо вино во Кавадарци

„За виното во хармонија со природата“, ова е мотото под кое денеска во Кавадарци се одржува традиционалниот,  13. Фестивал на младо вино, кој се одржа во кругот на винаријата „Тиквеш”.

Пред гостите се дегустираа вината од годинашнава берба, а како што беше нагласено, со тоа се создава винската традиција и култура во земјата.

Претседателот на Управниот одбор, Светозар Јаневски истакна дека на овој фестивал се прославува во чест на виното и се согледуваат резултатите од последната гроздоберска сезона.

– „Тиквеш” е македонски  вински амбасадор во светот. Успеавме да направиме прекрасни вина. Има прекрасни ноти кои треба да ги препознаете. Ние сме одговорна компанија, заедно со лозарите разговараме за успех. Работиме на иновации, инвестираме во зелени проекти и зелена енергија, сертифицирани лозја за органски проузводи. Сето ова ми дава за право да кажам дека сме зелена винарија и во целосна хармонија со природата. Искуството ќе го споделиме со другите, за младите да останат овде и за иднината, нагласи Јаневски пред присутните.

Гостите ги забавуваа Сашко Коцев, кој беше водител, Калиопи и уште неколку бенда.

Пристутвуваа познати ликови од јавниот живот, бизнисот и дипломатскиот кор.

Фото: Вангел Тануровски