Она што успеавме да го постигнеме како придобивка пред самиот почеток на овој последен „студентски бунт“ е тоа што за прв пат во остварувањето на студентските права, заеднички се обединивме студентите од приватните и државните Универзитети.
Она што сепак не успеавме, барем кога станува збор за маршот што го организиравме по повод Меѓународниот ден на студентите, е да им одолееме на влијанијата од страна, изјави при денешното гостување во емисијата Стадион, Мила Петрушевска, студент на АУЕ ФОН.
„На самиот марш имаше носење на капи од политички партии, имавме шарени букви напишани на транспарентите. Евидентно беше дека од сите страни сме подложени на притисоци и влијанија. Нам и не ни беше намерата да биде протест, предвидено беше тоа да биде еден вистински мирен марш за да го одбележиме меѓународниот ден на студентите,“ додава Петрушевска.
Таа смета дека во земјава постои еден вид дискриминација, кога станува збор за студентите од приватните и државните универзитети, кога станува збор за остварувањето на некои нивни права.
„Студентите од приватните универзитети може да се хранат во студентските мензи но не и да го користат јавниот превоз со можностите што се нудат како привилегија од државните универзитети. Неколку пари доставивме барања, но ги одбиваат,“ вели Петрушевска.
Според неа целата оваа ситуација околу измените за студентскиот оброк, нивните реакции, повлекувањето на измените, како да е само уште една политичка манипулација врз грбот на студентите.
„Зошто никој пред тоа не се јави или превенира, пред започне целиот тој процес што беше предизвикан,“ смета Петрушевска и додава дека ќе продолжат со своите активности
„Како што ние имаме притисоци и влијанија, така и ние ќе продолжиме со притисоци и влијанија,“