(Видео) Прво се слушна експлозија, па врисок на деца – Експлодира зграда во Русија, девет загинати – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/22 10:22 AM

(Видео) Прво се слушна експлозија, па врисок на деца – Експлодира зграда во Русија, девет загинати

Бројот на загинати во експлозија на гас во станбена зграда на рускиот остров Сахалин се искачи на девет, меѓу кои четири деца, изјави денеска гувернерот Валери Лимаренко.
Тој за ТВ Русија 24 изјави дека е во тек потрагата по уште едно лице, пренесува РИА Новости.
Претходно беше соопштено дека се повредени девет лица.

Претходно, Министерството за вонредни ситуации соопшти дека имало експлозија на гас во петкатна станбена зграда на Сахалин.

Локалните власти изјавија дека, според првичните информации, причина за експлозијата е несоодветно складирање и ракување со боци со гас за домаќинствата.
На социјалните мрежи е објавено и видео на кое се слуша моментот на експлозијата, како и врисоците кои се појавиле по детонацијата.