Кејт Хашимото веќе подолго време живее во Њујорк, кој за неа, како и за повеќето, е многу скап град.
Меѓутоа, со текот на времето научила да штеди на многу работи и да се пазари.
Една од работите на кои и заштедува е тоалетната хартија која се смета за една од основните намирници.
Наместо редовни маркети и продавници, Кејт најмногу пазарува на битпазари. Има и посебни места каде што не се користат пари, туку работите се разменуваат со работи што ги нудат други луѓе. Често се случува да копа по ѓубре, додека не еднаш користи марамчиња од јавните тоалети.
Нејзиниот стан е вистински пример за тоа на што штеди. Наместо кревет, таа користи јога душеци кои некој сакал да ги фрли. Таа во својот плакар има кутија полна со бесплатни примероци од разни работи кои ги набавила на интернет или во разни продавници.
Облеката ја „пере“ на посебен начин, додека по нуждата наместо тоалетна хартија користи сапун и вода.
Извор: курир.рс
Фото: Принтсрин Јутјуб