(Видео) Направил ДНК анализа и се шокирал од резултатот – Актерот пред камера дознал како ќе му заврши животот – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/22 6:50 PM

(Видео) Направил ДНК анализа и се шокирал од резултатот – Актерот пред камера дознал како ќе му заврши животот

Актерот Крис Хемсворт, по кој дамите лудеат, сними нова ТВ серија за здравјето “Limitless” во која истражува методи за продолжување на животот и одложување на стареењето на клетките.

Актерот не можел ни да сонува што ќе откријат за него лекарите во емисиите. Според истражувањата, Крис има осум до десет пати поголеми шанси да развие смртоносна болест која полека ги убива функциите на телото, а за неколку години го завршува животот на болното лице.
Хемсворт, кој има само 39 години, разговарал со голем број лекари и други медицински професионалци во серијата, а била извршена и детална анализа на неговиот ДНК материјал.

Планот бил да му ги кажат сите резултати пред камери, за да не знае однапред што ќе слушне, но кога докторот ја видел опасната комбинација на гени, ја повикал продукцијата и рекол:

– Ова нема да му го кажам пред камери.

– Ми земаа крв и други примероци и планот беше да ми кажат пред камери што пронашле. А докторот Питер Атија  рече дека не може да ми каже такво нешто додека снимаме. Мораме да разговараме со исклучени камери и потоа да одлучиме дали воопшто сакаме резултатите да бидат во епизодата. Бев шокиран кога ми се јави – изјави Хемсворт за „Венити фер“
.Актерот, познат како Тор од филмскиот универзум на „Марвел“, не знаел како да реагира на веста дека има дупликат ген АПОЕ4, кој значително го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест. Генот го пренеле и мајка му и татко му, а неговите шанси да заболи од Алцхајмерова болест се зголемиле за осум до десет пати.

– Кога ми кажаа, имав многу прашања. Веднаш почнав да размислувам за смртта. Генерално не зборуваме за тоа, мислиме дека со молчење ќе успееме да ја избегнеме смртта, но кога некој ќе ни каже дека е откриено како најверојатно ќе ни заврши животот, реалноста нè погодува – изјави актерот.

Тој додаде дека продукцијата му понудила да го отстрани тој дел во монтажата и дека публиката не го гледа моментот кога сфатил дека најверојатно во одреден период од животот ќе добие Алцхајмерова болест. Сепак, тој одлучи да ја задржи сцената во серијата за да се обиде да ги мотивира гледачите да направат слично тестирање и да дознаат повеќе за нивното здравје.

Извор: Мондо.рс

Фото: Принтскрин Јутјуб