Пирс Броснан го доби четвртото внуче – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/22 12:27 PM

Пирс Броснан го доби четвртото внуче

Пирс Броснан  го објави раѓањето на неговото четврто внуче, на Инстаграм. Момчето Џексон Илајџа Броснан е родено на 12 ноември, од синот на Пирс, Шон и сопругата Сања Баниќ, која инаку, е по потекло од Хрватска.

„Сите убави благослови за тебе, мојот најмил внук, добредојде. Честитки, драги мои Шон, Сања и Марли. Ви посакувам мир“, напиша Броснан покрај две слики на Џексон одблиску.

Двојката се родители и на седумгодишната Марли Меј. Броснан има и двајца постари внуци – Изабела и Лукас, од неговата покојна ќерка Шарлот, која почина од рак на јајниците во 2013 година.

миа