Седумчлено семејство со пет деца загина во страшен пожар во руската република Башкирија. Пожарот зафатил двокатна дрвена куќа во која имало неколку станови, известија од итните служби, пренесува Интерфакс.
Причината за пожарот може да биде краток спој или невнимателно ракување со оган. Две деца биле спасени, додека таткото починал обидувајќи се да ги спаси другите. При гаснењето на пожарот пронајдено е и тело на жена, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни состојби во Башкирија.
Башкирија се наоѓа во југоисточниот дел на европскиот дел на Русија.
BREAKING: #BNNRussia Reports
Seven people, including five children, died in a fire in a private house in Bashkir Sterlitamak, the second largest city in the Republic of Bashkortostan, Russia. pic.twitter.com/J9niKmKdCm
— Gurbaksh Singh Chahal (@gchahal) November 18, 2022
Фото: Твитер видео принтскрин