Ники Минаж, Малума и Миријам Фарес утре ќе ја објават новата химна на Светското првенство во Катар со наслов Tukoh Taka, потврди ФИФА.
Оваа песна ќе влезе во историјата бидејќи е првата шампионска песна испеана на три јазици – англиски, шпански и арапски. Заедно со песната ќе биде објавен и спот во соработка со издавачките куќиUniversal Arabic Music, Universal Music и Republic Records.
„Оваа соработка е совршен спој на талентите на Ники Минаж, Малума и Миријам Фарес. Песната е за обединување на обожавателите ширум светот и славење на различноста“, објави Билборд.
https://www.youtube.com/watch?v=VZzCkkCNzCo
Иако многу фанови се воодушевени што тројцата ја пеат официјалната химна, некои негодуваат за соработката на Ники Минаж со Светското првенство поради дискриминаторскиот однос на Катар кон ЛГБТ луѓето.
„За некој кој има голема база на обожаватели на ЛГБТК+ популацијата и со заканата на Катар дека ќе ја затвори секоја постоечка поддршка за заедницата, многу е вознемирувачки да се види Ники како го прави ова. Не сите пари се добри пари“, се вели во еден коментар на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Извор: курир.рс
Фото: Принтскрин Јутјуб