Вчера вечерта Скопје за миг заличе на Холивуд. Барем такво беше чувството на присутните на премиерата на најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“.
Низ црвениот тепих пред Филхарминија, каде беше премиерата, продефилираа многу познати личности од јавниот живот, кои ја наполнија салата.
Филмот е полн со смеа, но и видни и скриени пораки, чувство на иронија, осуда, морализирање … Црна комедија или среќна трагедија, така ја оценија критичарите приказната за две семејства, чиј живот се испреплетува во многу ситуации.
Сценариото и режија се на Манчевски, кој неколку дена пред тоа рече дека додека го пишувал сценариото воопшто не размислувал на режијата, успеал да се исклучи и да се посвети само на едниот дел од создавањето на приказната. Подоцна како режисер го направил тоа што го замислил, а сето тоа на филмското платно го пренесоа актерите Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.
(В.М.)
Погледнете ја галеријата на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски за тоа како изгледаше премиерата: