Пред поднесување на тужба ќе се бара извинување и јавно повлекување на изјавата – Усвоен Законот за граѓанска одговорност, навреда и клевета – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/22 3:02 PM

Пред поднесување на тужба ќе се бара извинување и јавно повлекување на изјавата – Усвоен Законот за граѓанска одговорност, навреда и клевета

Собранието на Република Северна Македонија едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се  гарантира слободата на изразување.

Ова, соопштија денеска од Министерството за правда, e еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета.

– Законот предвидува пред поднесување на тужба за надоместување на штетата  да се бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка, се појаснува во соопштението.

Министерството за правда и во наредниот период ќе се фокусира на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно, професионално и достоинствено извршување на новинарската професија.