(Видео) Бали: Рај со две лица – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/22 12:32 PM

(Видео) Бали: Рај со две лица

Бали е едно од најпознатите туристички летувалишта во светот, а луѓето просто уживаат и во самите фотографии од песочните плажи, тиркизното море, коралните гребени и културните знаменитости таму.

Сепак, некои посетители ја откриваат и онаа, „другата“ страна на овој „рај на земјата“.

@loveeeliz Rain season started extra early just for us 🥰 #bali #nusapenida #kelingkingbeach ♬ original sound – Andrei King


Меѓу првите „маани“ е сезоната на дождови. Како изгледа Бали тогаш, посочи „тиктокерката“ по име Викторија Гулбурн. Таа во својата видеообјава ги покажува „двете лица“ на Бали. Од едната страна е идиличното сместување со лежалки, а веднаш до него – калливата земја по лошото невреме.

Бројни корисници ја коментираа нејзината објава, посочувајќи дека Викторија, за жал, дошла во погрешно време од годината.

https://www.youtube.com/watch?v=2ULUGKh2XGs

А, еве како изгледа едно од местата со неверојатен поглед за време на дожд.

Корисниците истакнуваат дека, и покрај овие критики, Бали е обично место на Земјата, „како и сите други“… Па, се истакнува и дека при планирањето на патувањето на овој остров во Индонезија, неопходно е, како и обично, да се истражат соодветните места за престој

@victoriagoulbourne Dont be fooled by insta 😅🌝 #traveltok #bali #canggu #indonesia #traveltok #comedy #fyp #instavsreality #baliviews #balitravel ♬ original sound – Andrei King

МИА