Хаос и насилство по грешка – Уапсени девет момчиња во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/22 10:23 AM

Хаос и насилство по грешка – Уапсени девет момчиња во Куманово

МВР информира дека лишила од слобода деветмина од Куманово.

 

-На 15.11.2022 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.И.(18), Ф.А.(19), А.Д.(20), К.Г.(18), А.Т.(18), А.В.(18), А.С.(20), А.Б.(23) и Л.С.(19), сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово. Тие се сомничат дека на 14.11.2022 на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш.(20) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал  сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило. По целосно документирање на случајот против сите лица ќе следуваат соодветни пријави. По преземени мерки било констатирано дека станува збор за недоразбирање без никакви меѓуетнички елементи, информираат од МВР.