„Да не беше пријателот немаше да бидам жив“ – Џеј Лено раскажа како се запалил – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/22 9:07 AM

„Да не беше пријателот немаше да бидам жив“ – Џеј Лено раскажа како се запалил

Поранешниот водител на “Tonight show” и страствен колекционер на ретки и скапи автомобили, Џеј Лено, е во болница откако се случила експлозија во неговата гаража додека поправал автомобил.

Џеј рекол дека има изгореници од трет степен, дека ќе му требаат две или три недели да застане на нозе, но и како се случила експлозијата. Водителот открива дека го поправал доводот на гориво на еден од автомобилите – бензин му истекол по целото лице и рацете, а потоа одеднаш се експлодирало.

Му гореле лицето и рацете, а потоа неговиот пријател брзо реагирал и го изгаснал пожарот со противпожарен апарат.

„Да не беше тој, ни јас немаше да бидам тука“, рекол Лено од болницата, откривајќи дека лицето се здобило со сериозни повреди и дека можеби е неопходна трансплантација на кожа.

Извор: Мондо.рс

Фото: Принтскрин Јутјуб