Јелена Ѓоковиќ вчера од ложата го бодреше својот сопруг, Новак Ѓоковиќ, на завршниот Мастерс во Торино, за време на мечот со Стефанос Циципас.
Се остана во сенка на нејзината убавина, бидејќи во светот важи за стилска икона, а овој пат сите го коментираат нејзиниот накит.
Јелена носеше елегантна, брендирана бела ролка, како и секогаш, лесна шминка, но она што најмногу привлече внимание и лавина коментари беа обетките.
Јелена носела обетки од престижен бренд, а цената на овој модел од колекцијата „Алхамбра“ чини и до 9.000 евра.
Обетките се детелнка со четири листа, што по верување носи среќа.
Секое парче од овој накит е вистинско ремек дело, а во изработката учествуваат не само врвни златари, туку и оние кои се занимаваат со обработка и полирање на камен, пишува Hello.
Фото: Инстаграм