„Паднала“ баба(78) во раце на полицијата – Била дилер на дрога, ја уапсиле со вага и бел прав, јавува српското МВР – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/22 7:17 PM

„Паднала“ баба(78) во раце на полицијата – Била дилер на дрога, ја уапсиле со вага и бел прав, јавува српското МВР

Полицијата пронашла старица во шумата во Земун, Белград, која кај себе имала дигитална вага и речиси половина килограм бела материја слична на дрога до себе.
Полициската екипа за интервенција ја привела В.Н.(78) во полициската станица во Земун, пренесува Информер.рс.

Полицијата во шумата, во населбата Галеника во Земун, ја пронашла В.Н., која покрај себе имала дигитална вага, а до неа имало неколку различни чанти.

Во вреќите, според проценката, имало околу 400 грама прашкаста материја со бела боја, слична на дрога.