Општина Центар транспарентнo ги објави издадените одобренија за градење – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/22 12:10 PM

Општина Центар транспарентнo ги објави издадените одобренија за градење

Општина Центар воведува нова практика, со која ја докажува својата транспарентност пред граѓаните.

-Од оваа година, Центар започнува со објавување на полугодишни извештаи за издадените одобренија за градење на ниво на општината. Започнувајќи од барањата поднесени од 1.1.2021 година до денес, издадени се 68 правосилни одобренија за градење, од кои 35 се издадени од доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски на позицијата, во ноември, минатата година. Оваа практика на Општина Центар е чекор напред кон воспоставување на целосно транспарентни и отчетни институции и позитивен пример и за останатите општини не само во Скопје туку и во целата држава, информираат од општината.