(Видео) Мајка родила ќерка за својот син – Необична одлука на едно семејство го остави светот во шок – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/22 1:15 PM

(Видео) Мајка родила ќерка за својот син – Необична одлука на едно семејство го остави светот во шок

Американците Џеф Хаук (33) и неговата сопруга Камбриа (30) имаа можност да доживеат посебен момент – раѓањето на нивната ќерка Хана, која ја носеше мајката на Џеф.

Ненси Хаук (56) сама се понудила да ја носи бременоста на нејзиниот син, откако тој и неговата сопруга дознале дека од медицински причини повеќе нема да можат да имаат деца.
– Ова е несекојдневно искуство, се чувствувам многу благословена што донесов ќерка на свет за мојот син – изјави Ненси за Пипл, додека Џеф истакна дека се чувствува посебно што мајка му му дала такво искуство, и истакнува дека тоа не било невообичаено за него, да биде со мајка му во родилната сала.

– Колку луѓе имаат можност да бидат со сопствената мајка за време на породувањето? – тој рече.

Џеф и Камбриа се венчале во 2012 година и од самиот почеток имале проблеми со зачнувањето дете. Четири години се обидувале на природен начин, а со помош на вештачко оплодување ги добиле близнаците Вера и Ајва а потоа и близнаците Дизел и Лука.

Четиригодишните девојчиња и тринаесетмесечните момчиња биле сонот на нивните родители кои отсекогаш сакале да имаат меѓу четири и шест деца.
За време на првото вадење јајце-клетка и оплодување, парот имал на располагање седум ембриони. Мајката на Џеф тогаш решила да и предложи да ја носи бременоста, а докторот потврдил дека и покрај возраста е доволно здрава и способна да роди дете.

И покрај тоа, Ненси била загрижена дали се ќе оди според планот за време на бременоста, па приватно ја следеле бременоста во првите шест месеци.
По породувањето, Ненси објаснила дека се борела со новите чувства на разделба, бидејќи детето што го родила сепак им припаѓало на нејзиниот син и снаа.

-Се чувствувам празно, но многу сум благодарна за ова прекрасно искуство – рекла таа, а нејзиниот сопруг Џејсон додал дека секогаш ќе има посебна врска со Хана.