Марко Кутлиќ во новата песна „Полети птицо“ нуди лепеза од емоции – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/22 10:04 AM

Марко Кутлиќ во новата песна „Полети птицо“ нуди лепеза од емоции

Еден од најпрепознатливите и најдобри млади вокали од Хрватска, талентираниот Марко Кутлиќ, после успешниот сингл „Будиш ме“ на јавноста ѝ ја претставува новата песна со наслов „Полети птицо“.

Оваа впечатлива и енергична песна е проследена со видео во режија на Антонио Давид Перина.
Девојката на Марко, инаку момче вљубено во македонската историја како што и самиот вели, во видеото ја глуми Тена Белчиќ, а целата приказна во спотот дава посебна емоција на самата песна.
„Атмосферата во видеото и одличната глума на Тена совршено отсликуваат лепеза од меланхолични емоции кои ги носат мелодијата и текстот. Морам да ја пофалам целата екипа која работеше на видеото и песната затоа што навистина се потрудија и направија одлична работа“, вели Марко.
Автор на музиката за синглот „Полети птицо“ е самиот Марко Кутлиќ, текстот е дело на Александар Чубрило, додека продукцијата и аранжманот ги потпишува Антонио Давид Перина.

„Оваа песна, како и секоја друга, различни слушатели различно ќе ја доживеат, а убавината на музиката е во тоа што сите се во право. Бегство од вистината, ослободување емоции, соочување со пораз, простување и нов почеток се мотивите кои неодоливо се испреплетуваат низ песната слушајќи ја силната порака за слободата на човекот. Александар Чубрило е автор на овој одличен текст, а Антонио Давид Перина направи аранжман со кој на песната ѝ вдахна некој нов живот и со која сум многу задоволен. Ме радува што оваа песна ќе стане дел од мојот репертоар, затоа што на своите настапи изведувам обработки од сличен сензибилитет“, додава Марко, кој освен што ја почитува македонската историја особено времето во кое живеел Александар Македонски е вљубен во песните на неговиот идол Тоше Проески.
„Буди моја ноќ“, „Сувише сам њен“, „Уз њу“, „Будиш ме“… се само некои од темите со кои Марко ја освои публиката. Со секој нов сингл тој ја воодушевува публиката и критиката, а во последните неколку години доби и неколку признанија за својата работа, и, секако, расте бројот на неговите настапи.