Патниците на летот на „Јунајтед ерлајнс“ од Сан Франциско до Чикаго во неделата рано наутро биле вознемирени од жена со бебе во рацете, која се скарала со стјуардесата и и се заканувала дека ќе ја убие.
Видеото од инцидентот, снимено од еден од патниците, стана вирално на ТикТок, на кое се гледа како жена физички се пресметува со стјуардеса додека држи дете на колкот. Не е јасно што довело до кавгата, но се слуша како жената вели: „Ќе те убијам. Ќе те убијам“.
@emily_jeannn Just had an interesting flight home. #united #candycrush10 #sanfrancisco #chicago ♬ original sound – Emily
Може да се слушне и како нападнатата стјуардеса постојано кажува „госпоѓо“, додека другата и вели дека мора да седне на нејзиното место, но жената продолжила да се турка.
Лицето кое го објави видеото од инцидентот даде повеќе детали во друго видео. Тој наведува дека претходно во текот на летото жената извикувала „глупости“ и дека „Исус Христос, нашиот спасител, ќе не спаси“.
Кога авионот требало да слета, жената станала од своето место и ги одбила барањата на стјуардесата да седне. После тоа лицето почнало да снима.
Од „Јунајтед ерлајнс“ за „Инсајдер“ потврдија дека инцидентот се случил.
„Во неделата, по слетувањето, полицијата отстрани клиент кој го попречувал летот од Сан Франциско до Чикаго, а стјуардеса била однесена во болница на преглед. Благодарни сме на нашиот екипаж што се справи со оваа тешка ситуација со професионалност и што ја ставија безбедноста на нашиот тим и нашите клиенти на прво место“, се вели во официјалното соопштение.
Полицијата во Чикаго соопшти дека три лица биле пренесени во болница на набљудување и дека ФБИ истражува.
Од објавувањето на веста нема извештаи за сериозни повреди на хоспитализирани лица.
Извор: n1info.hr
Фото: Тик Ток принтскрин