Во вчерашниот терористички напад на ПКК во Истанбул животот го загубија сопругата и ќерката на турскиот актер Нуретин Учар, кој е познат по улогата во турската серија Ертугрул.
Оваа информација ја потврди турскиот продуцент и режисер, како и семеен пријател Мехмет Боздаг.
-Како резултат на предавничкиот бомбашки напад извршен од терористичка организација на улицата Таксим Истиклал, Арзу Озсој, скапоцената сопруга на Нуретин Учар, кој играше во серијата Дирили и Ертугрул. Господ да ја помилува сопругата, ќерката на нашиот актер. Изразувам сочувство до нашиот колега и роднините на маченикот. Уште еднаш на повредените им посакувам брзо закрепнување. Сочувство до нашата нација – напиша актерот на социјалните мрежи.
Објавено на: 11/14/22 4:05 PM