„Треба да биде убиена пред полицијата да ја фати“- Осомничената за бомбата во Истанбул сакала да побегне во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/22 3:50 PM

„Треба да биде убиена пред полицијата да ја фати“- Осомничената за бомбата во Истанбул сакала да побегне во Грција

По експлозијата во Истанбул, во која загинаа шест, а ранети 81 лице, осомничената за нападот истрчала да земе такси во градскиот кварт Есенјурт, кој е далеку од областа Таксим каде се случи инцидентот.

Според полицијата во Истанбул, биле прегледани 1.200 безбедносни камери и била извршена рација на 21 различна адреса со кои идентификуваната жена имала врски пред да биде уапсена во 2:40 часот, пренесува Ал Џезира.
Турскиот министер за внатрешни работи на прес-конференција рече дека полицијата има гласовна снимка од разговор меѓу членови на ПКК во која се вели „таа треба да биде убиена пред полицијата да ја фати“.

„Следниот чекор за сторителите беше да побегнат во Грција пред турската полиција да ги фати“, рече министерот, според Ал Џезира.

Терористичката организација ПКК, која е осомничена дека стои зад нападот во Истанбул, негираше вмешаност во инцидентот, се вели во соопштението објавено од курдската група.

Турските власти ја обвинија за нападот ПКК, велејќи дека главната осомничена уапсена за бомбашкиот напад признала дека била обучена од вооружената група.

Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанин на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и приведена.