Младиот брачен пар Адем и Мукадес Елиф Топкара се меѓу шесте лица кои загинаа во неделата во експлозијата на бомба поставена на улицата Истиклал во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Таткото на Адем, Мустафа Топкара, изјави дека тие дошле на Таксим да ја посетат нивната тетка. Ги оставиле децата кај неа и излегле на прошетка. Потоа настанала експлозијата која била кобна за нив. Адем и Мукадес имаа 40 и 37 години.
Турското знаме беше закачено на семејниот стан во населбата Сариер Ајазага, каде што живееја Адем и Мукадес Елиф Топкара.
Телата на брачната двојка биле донесени пред куќата, а потоа однесени во локалната џамија, каде што била извршена погребната молитва.
Мустафа Топкара за АА изјави дека зад себе оставиле две малолетни деца – седуммесечното момче Јагиз и 2,5-годишното девојче Елиз.
Тој рече дека отишле во куќата на нивната тетка на Таксим.
„Нивната тетка работи таму. Сакаа да одат на прошетка. Ги оставија децата кај неа. Што да кажам. Тука завршува приказната. Имаме доверба во нашата земја“, рече Топкара.
Во вчерашната експлозија на улицата Истиклал во Истанбул загинаа шест, а повредени се 81 лице.
Извор и фото: Агенција Анадолија