(Видео) Џамбазов и Гуру Харе ја преработија антологиската „Заветна“ од Пепи Бафтировски – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/22 3:17 PM

(Видео) Џамбазов и Гуру Харе ја преработија антологиската „Заветна“ од Пепи Бафтировски

Антологиската фолк песна „Заветна“, која своевремено ја испеја Пепи Бафтировски, доби блуз издание од, кој друг ако не Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Аранжманот за блуз верзијата го изработил Гуру Харе, а покрај Џамбазов во снимањето учествувале членовите на „Гуру Харе бенд“: гитара – Игор Атанасоски-Харе, тапани – Златко Михајловски – Бумбар, бас – Трајко Симоновски – Таци, клавијатури – Филип Димишковски, додека придружните вокали на оваа верзија на „Заветна“ ги испеа Тамара Тодевска.

Погледнете како оваа песна звучи во блуз верзија:

А еве како звули оргиналната изведба од Пепи Бафтировски: