(Видео) „Путин веќе 10 години го прават болен, оваа игра не е нова во политиката“ – Лавров од Бали демантира дека е хоспитализиран – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/22 2:22 PM

(Видео) „Путин веќе 10 години го прават болен, оваа игра не е нова во политиката“ – Лавров од Бали демантира дека е хоспитализиран

Сите светски и домашни медиуми ја пренесоа информацијата на Асошиетед прес дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е пренесен во болница по пристигнувањето на самитот на Г20 на островот Бали во Индонезија.

Еден од дипломатските извори тврди дека Лавров се лекува од срцеви проблеми.

Сепак, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за „лажни вести“, пренесува Ројтерс.

– Сергеј и јас ги гледаме вестите од Индонезија и не им веруваме на очите: излегува дека министерот е хоспитализиран. Се разбира, ова е акробатски фалсификат, изјави Марија Захарова, портпаролка на министерството.

Захарова набрзо објави видео на својот профил во Телегам на кое се чини дека Сергеј Лавров седи на терасата од неговиот хотелски апартман на Бали и чита некои документи.


На прашањето на Захарова како ја коментира веста за хоспитализацијата, Лавров одговори: „За нашиот претседател веќе десет години пишуваат дека е хоспитализиран, болен“. Тоа е игра која не е нова во политиката“.

Лавров ги советуваше западните новинари кои објавија дека е хоспитализиран „да ја напишат вистината и да не се ограничуваат само на една гледна точка“.

Извор: danas.rs

Фото: Твитер принтскрин