Изложбата „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата
македонска поп икона“ ќе биде поставена на 16 ноември (среда) во 18 часот во Музејот на
македонската борба за самостојност.
Изложбата е во организација на НУ Спомен куќа на Тодор Проески – Крушево, а се одржува по повод 15 години од последниот хуманитарен концерт на Тоше Проески на Градскиот стадион во Скопје.
На изложбата ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до
последните постхумни награди и албуми, соопштија денеска од Музејот.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември, а се реализира со поддршка од
Министерството за култура