Завршен „најтенкиот облакодер“ на светот – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/22 1:45 PM

Завршен „најтенкиот облакодер“ на светот

Како „најтенкиот облакодер“ на светот, најновата кула во Њујорк сѐ уште „го тресе“ Менхетн. Сместена на адреса „111 вест 57. стрит“, станбената кула „Стејнвеј тауер“ „го сече небото“ со, според многумина – неверојатен висина-ширина сооднос од 24 спрема еден.

Некои станари се вселиле во зградата уште лани, но целиот пакет дополнителни удобности беа во изградба доскоро, кога „ЏДС Девелопмент груп“ и „Проперти маркетс груп“ објавија дека монументалната зграда конечно е завршена. Покрај тоа што го држи рекордот за најтенок облакодер, зданието е и втора највисока станбена зграда на западната Земјина хемисфера, со своите 435 метри височина, вклучително и украсниот челичен врв од 91 метар.

Според Мајкл Стерн, основач и извршен директор на „ЏДС“, секое гледиште од овој развој е прецизно замислен за да се постигне деликатна рамнотежа што им оддава почит на класичните облакодери од минатото на Менхетен, а истовремено поставува нов стандард за иднината.

Однадвор, секој дел од зградата е поврзан со по неколку теракотни украсни столбови коишто ѝ даваат и гламурозно чувство од крајот на 19. век. Инаку, голем дел од зградата на „Стејнвеј хол“, што беше цел на надградба, првично е дизајниран во 20-тите.

Однатре, студиото „Софилд“ зеде инспирација од оригиналната сала „Стејнвеј“… Едноставно, сѐ с цел – „низа емоционални искуства“ и трајно сеќавање на њујоршките облакодери од минатото, велат дизајнерите.

МИА