По вчерашната експлозија во Истанбул, Министерството за надворешни работи, преку Генералниот Конзулат во Истанбул и Амбасадата во Анкара е во постојана комуникација и со надлежните органи на Турција и со заинтересираните граѓани од нашата земја – соопштија денеска од МНР.
– Дозволете да информираме дека и по 24 часа по инцидентот, нашите претставништва сѐ уште немаат добиено информација за директно настрадани или повредени државјани на Република Северна Македонија; во меѓувреме една наша државјанка која се наоѓала во близина на инцидентот, пријави во нашиот конзулат дека индиректно се стекнала со полесни повреди предизвикани од турканиците настанато при оддалечување на луѓето од местото на експлозијата. Информираме дека без поголеми проблеми таа е веќе вратена во земјата – велат од МНР.
Претставништвата на Министерството остануваат во контакт со институциите на Турција, како и загрижени граѓани и економски субјекти кои организираат патувања во Истанбул. Од МНР уштте еднаш посочуваат на контактите каде можете да се обратите за било каква информација или асистенција: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје.