Воз кај Маџари удрил женско лице – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/22 10:58 AM

Воз кај Маџари удрил женско лице

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје достави вонредна информација во која се наведува следното: Од страна на дежурниот во ЈП Железници добиена е информација дека во 09.19 часот од страна на патничкиот воз број 601 кој сообраќал на релација Табановце – Скопје на самата железничка станица Маџари било удрено женско лице.

Од страна на комисија од ЈП Железници и полиција направен е увид, а повреденото лице од страна на Брза Помош пренесено на скопските клиники.

Сообраќајот не бил во прекин – додаваат од РЦУК Скопје.

 

Фото: Архива