Жена бомбаш самоубиец стои зад вчерашната експлозија во Истанбул во која загинаа најмалку шест лица, а 81 се повредени, соопштија турските власти.
Соопштувајќи го последниот биланс на жртви, турскиот потпретседател Фуат Октај објави дека две лица се тешко повредени.
– Сметаме дека станува збор за терористички напад, додаде Октај и посочи дека според првите информации се работи за експлозија на бомба која ја активирала жена, пренесува МИА.
#BREAKING Turkish authorities say the explosion in #Istanbul was a terror attack pic.twitter.com/oqF5JiJw3A
— Guy Elster (@guyelster) November 13, 2022
Лицето кое турската полиција го уапси под сомнение дека поставило бомба што во неделата експлодираше во пешачка зона во центарот на Истанбул, при што загинаа најмалку шест и рани десетици луѓе, е сè уште неидентификувана жена која седела на клупа во близина на местото на нападот, пренесува данас.рс.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди „кукавичкиот напад“ во неделата.
„Првите информации упатуваат на заклучок дека се работи за тероризам“, рече Ердоган.
Утрово министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави, според извештајот на државната телевизија ТРТ, дека е уапсено осомничено лице поврзано со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а министерот Сојлу се закани со одмазда.
Како што јави ослобоџење.ба, турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави за провладината телевизија А Хабер дека жената која седела на клупата до местото на експлозијата околу 40 минути се истражува.
Експлозијата се случила само неколку минути по нејзиното заминување.
Видеото од надзорната камера, која го сними моментот на експлозијата, се гледа торба покрај клупа на прометната авенија Истиклал во центарот на Истанбул.