Наташа Пирц Мусар, адвокатка и активистка за човекови права, според првите резултати по затворањето на гласачките места, ќе биде новиот претседател на Словенија, а воедно и првата жена на таа функција.
Независниот кандидат Пирц Мусар претседателската кампања ја започна како адвокатка, сопственичка на нејзината адвокатска канцеларија и член на Извршниот одбор на Адвокатската комора на Словенија.
По завршувањето на студиите по право, Наташи Пирц Мусар ја започнала својата кариера како новинар на словенечката државна телевизија, каде што била и водителка на Дневник.
После тоа пет години минува како водител на информативна програма на приватната телевизија ПОП ТВ.
Стекнала новинарско искуство на Си-Ен-Ен, двосеместрални студии за медиуми на Универзитетот во Манчестер, а исто така пракса стекнала и во Би-Би-Си, Скај Њуз и ТВ Ројтерс.
Таа ги напуштила медиумите во 2001 година и се преселила во финансискиот сектор како шеф на корпоративни комуникации за финансиската групација Актива.
Потоа станалс директор на тренинг и комуникацискиот центар на Врховниот суд на Словенија.
Во 2004 година, на предлог на претседателот на Словенија, Собранието ја избрало за комесар за пристап до информации од јавно значење.
На предлог на претседателот на Словенија, Данило Тирк, во 2009 година добила уште еден мандат на чело на комесаријат за пристап до информации од јавен карактер.
Била и потпретседател на Заедничкото надзорно тело на Европол, а од 2013 година и претседател на ова тело.
#Volitve 🗳️ Hvala! 🇸🇮 pic.twitter.com/rWendWlQsO
— Nataša Pirc Musar (@nmusar) November 13, 2022
Од 2014 година е член на Адвокатската комора, а од 2015 година има своја адвокатска канцеларија.
Докторирала на тема баланс помеѓу пристапот до информации од јавно значење и заштитата на приватноста на податоците во 2015 година на Правниот факултет во Виена.
Во Словенија е позната и како адвокат на поранешната прва дама, а во тој момент и сопруга на кандидатот за претседател на САД, Меланија Трамп, која ја застапуваше во спорови против медиумите, пред се против словенечкиот таблоид Сузи, кој објави дека Меланија Трамп работела како придружничка.
„Морам да кажам дека и се восхитувам на г-ѓа Трамп за нејзината мирна и нежна одлучност. Таа е една од најорганизираните луѓе со кои сум работела и секогаш е многу добро информирана за прашањата за кои треба да разговараме“, изјави таа во едно од интервјуата.
Таа во таа прилика истакна и дека не ја сакале ниту левите, ниту десните влади, бидејќи како комесар за пристап до информации од јавен карактер ја надгледувала транспарентноста на три влади.
Добила и случај против државата бидејќи незаконски ја спречиле да стане генерален директор на националната телевизија, а на таа задача како што вели соработувале и левицата и десницата.
Извор: Данас.рс
Фото: Твитер