(Видео) Две метри торта и многу раскош – За милијардер се омажи Тифани, ќерка на Доналд Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/22 7:23 PM

(Видео) Две метри торта и многу раскош – За милијардер се омажи Тифани, ќерка на Доналд Трамп

Тифани Трамп (29), ќерка на Доналд Трамп (76), се омажи за милијардерот Мајкл Булос, со кој е во врска две и пол години.

Најмладата ќерка на Трамп блесна во венчаница на модниот дизајнер Ели Сааб, а негов креација избра и нејзиниот новопечен сопруг. Тие ја крунисаа својата љубов со венчавка во семејниот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Таа и Булос се венчаа веднаш штом тропската бура Никол се тргна од Флорида, а три дена пред очекувањата дека  Доналд ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година.

– Фокусирани сме на свечен настан, а не на политика – изјави гордата мама Марла за магазинот Пипл и објасни дека Тифани сака да се омажи во Мар-а-Лаго, каде што е родена, бидејќи тоа е нејзиниот дом од детството.

Освен младенците кои ги носеа креациите на култниот дизајнер Ели Сааб, во негови креации блесна и нејзината мајка Марл Мејплс (59). Кума беше полусестрата на невестата, Иванка Трамп во светло сина креација.


Невестата го комплетираше елегантниот фустан на либанскиот дизајнер полн со светки со мал нежен бел букет и ја пушти косата. Нејзиниот долг превез одлично истакна дека се мажи американската „принцеза“, која Мајкл Булос ја запроси во јануари 2021 година во градината на Белата куќа со дијамантски прстен од 13 карати.
– Ова е либанско-американска свадба, па бевме многу среќни со магијата што ја создаде Ели Сааб – рекла мајката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marla Maples (@itsmarlamaples)


Таа на својот Инстаграм профил објави специјална посвета за својата ќерка.
Двометарската торта за парот беше моделирана по онаа што Доналд и Мејплс ја имаа на нивната венчавка во 1993 година од страна на слаткарката Силвија Вајнсток. Кога се венчале, Тифани била само новороденче, а според Мејплс, таа секогаш сакала да ја пресоздаде.

Според пишувањето на Пипл, Мејплс читала молитва за време на церемонијата, таткото Доналд седел до Тифани, а таа ги избрала своите најблиски пријателки за деверици. Имотот беше раскошно украсен со бели цветови, а деверушите носеа долги сини фустани.

Извор: 24сата.хр

Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм