(Вознемирувачко видео) Момент на експлозија, најверојатно од торба со експлозив оставена на клупа – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/22 5:37 PM

(Вознемирувачко видео) Момент на експлозија, најверојатно од торба со експлозив оставена на клупа

Се уште се анализираат записите на сите видео камери по експлозијата и се истражува дали некаде била оставена торба со експлозив.

Според описот на видеото објавено на Твитер, видеото од безбедносните камери го покажува моментот на експлозијата на плоштадот Таксим во Истанбул.

„Изгледа дека експлозијата била предизвикана од торба оставена на клупата“, се вели во описот.
Според последните информации, зголемен е и бројот на жртвите.

Најмалку шест лица го загубија животот, а 53 се повредени. Со оглед на тоа што оваа улица е преполна со туристи, се уште не се знае идентитетот на жртвите.

Погледнете го видеото: