Халид Бешлиќ во Македонија има фанови од сите генерации. Публиката конечно ќе има чест да го слушне во живо, со концерт во Скопје.
-Секогаш бев тука, 40 години сум присутен, моите песни се пеат, знам добро каква е ситуацијата во Македонија со македонската публика. Често сретнувам луѓе ширум светот кои се Македонци и така знам се, рече Бешлиќ во интервју за Бекстејџ.
Тој говореше за своите хитови, но и за новата музика која нему не му се допаѓа и смета дека звучи “евтино”.
-Тоа мене не ми се допаѓа, не ми се допаѓа правецот, премногу е за мене, тоа е евтино. Не е скапо, не знам. Јас сакам нешто што е добро, а квалитетно, тоа се не е народна музика, се знае што е народна музика. Тоа мора да остане така, а не да биде некој експеримент што нема врска со тоа, рече пејачот.
За македонската публика има една порака пред концертот:
„Да бидеме здрави и живи, има помалку од месец дена до концертот, се надевам дека ќе биде се добро и јас посакував, дојдов порано да се дружиме. Не се имаме видено одамна. Да ги освежиме сеќавањата. Ги поздравувам сите, ги поканувам на концертот и се гледаме”!
Концертот ќе се одржи во арена „Борис Трајковски”, на 26-ти ноември.