Еден полицаец беше избоден до смрт, а друг повреден во вчера вечерта во близина на железничка станица во Брисел.
Белгиското федерално обвинителство соопшти дека цел на напаѓачите биле полицајци и дека постои сомнеж за терористички напад.
Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот е убиен, јавува Би-би-си, но мотивот за нападот се уште не е познат. Тој починал во болница откако бил застрелан на местото на инцидентот.
Двајца полицајци биле на должност пред тој да ги нападне, а набргу потоа пристигнала друга патрола и го застрелала во нозете и стомакот.
Еден сведок изјави за Би-Би-Си дека слушнал неколку истрели.
– Се враќав од работа и разговарав со татко ми по телефон. Слушнав истрели. Татко ми праша што се случува, јас мислев дека е огномет. Потоа ми рече: „Не, пукотници се, проверете што се случува“. Ја свртев главата и видов луѓе како трчаат по улицата. Паркирав и видов човек на земја, се беше полно со крв. Се исплашив – рече тој.
Белгискиот премиер на својот официјален Твитер изрази сочувство и порача дека полицајците секојдневно си ги ризикуваат животите за да ја обезбедат безбедноста на граѓаните.
– Се надевам дека неговиот хоспитализиран колега ќе биде добро – додаде тој.
Извор: Би-Би-Си/24сата.хр
Фото: принтскрин Јутјуб