Актерот Џејсон Момоа гостуваше во Џими Кимел Лајв и ја воодушеви и изненади публиката.
Во еден момент пред водителот Џими Кимел и публиката во студиото ги соблече панталоните и го покажа задникот. Додека актерот се соблекуваше, публиката врескаше од воодушевување.
„Никогаш не сум се чувствувал повеќе како Дени Девито отколку сега“, се пошегува водителот кој го објави видеото на Фејсбук.
Видеото го погледнале повеќе од 200.000 луѓе, а реакциите сè уште пристигнуваат.
„Каков маж“, „Џејсон е најсекси маж на планетата“, „Како да спијам после ова?“, „Те обожавам, ти благодарам за ова“, напишаа фановите во коментарите на социјалната мрежа.
Џејсон Момоа неодамна објави 18+ содржини на својот Инстаграм профил. Објавил неколку видеа од риболов, а во еден кадар се гледа неговиот гол задник.
Не може со сигурност да се каже дали носеше танга или беше целосно гол, но дефинитивно имаше што да се види.