Кој ќе дојде до повеќе пари, кој мора повеќе да си го чува здравјето – Кинески хороскоп за 2023 – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/22 8:00 PM

Кој ќе дојде до повеќе пари, кој мора повеќе да си го чува здравјето – Кинески хороскоп за 2023

Што да очекувате во текот на следната година и на што треба да бидете спремни, ќе ви открие кинескиот годишен хороскоп.

Стаорец

1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008

Оваа година е во знакот на креативноста, а тоа најмногу ќе се манифестира во разубавувањето или реновирањето на домот. Семејните проблеми, особено оние поврзани со недвижности, постојано ќе се појавуваат во 2023 година, а решението ќе биде малку нестандардно и ќе бара од вас посериозно да гледате на ситуацијата, но и да ја истражите подетално. Советот од астролозите до „Глувците“ е сериозно да го запалат своето внатрешно сонце и просторот околу нив ќе почне да сјае“. Ова е година во која луѓето во овој знак ќе постигнат значаен успех и заслужено ќе бидат наградени.

Бивол

1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009

Применете ги своите одлични деловни вештини во односите со колегите. Во 2023 година ќе ви биде лесно да стекнувате нови познанства, да комуницирате и да преговарате, со што ќе дојдете до информации кои ќе ви бидат од голема корист. Способноста да дојдете до суштината на проблемите ќе биде особено нагласена. Многумина од вас ќе си ги подобрат односите со соседите и ќе посетат долго посакувани дестинации.

Тигар

1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010

Кинескиот хороскоп вели дека ве очекува неверојатно богатство во текот на следната година, може да се каже и дека ќе седите на „рудник со злато“ и сето тоа ќе биде благодарение на тоа што ќе откриете нови таленти кај себе. Ќе се чувствувате способни како никогаш претходно, ќе бидете поодлучни и нема да имате сомнеж во своите способности. Вашата главна задача во 2023 ќе биде да ги развиете своите вештини и знаења и тоа добро да го наплатите.

Зајак

1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011

Оваа година ќе биде во знакот на интроспекцијата. Многу време ќе поминете „нуркајќи“ во своите мисли и откривајќи ги своите доблести и слабости. Ова ќе ви помогне да просперирате на работа, особено во втората половина од годината кога ќе дојдете до позиција на лидер. Со ваквиот статус пак, следува и подобра плата. Многу припадници на овој знак во 2023 -та година ќе постават темели за бизнис кој ќе им трае најмалку 12 години.

Змеј

1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012

Во новата година ќе имате тенденција да се впуштате во ризични работи со цел да решите некои проблеми кои се појавиле во 2022-та. Совет од астролозите до луѓето од овој знак е да бидат особено внимателни и своите работи да ги завршуваат на легален начин.

Ни случајно немојте да претерувате со алкохол или лекови, бидејќи ризикувате да си го загрозите здравјето. Во 2023 клучно е да си ја сочувате силата, да бидете здрави и да избегнете ризично однесување кое би ви го влошило здравјето.

Змија

1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013

Следната година најмногу ќе профитирате ако влезете во заеднички проекти со своите колеги. Цела 2023 ќе ви помине во знакот на соработка и комуникација со колегите, пријателите и роднините кои ќе ја очекуваат вашата помош. Ваквото однесување ќе ви го прошири кругот на пријатели, ќе ви го подобри статусот на работа и ќе ви помогне да дојдете на подобра позиција односно да дојдете до поголема плата.

Коњ

1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014

Во 2023 година, вашите амбиции и високите цели кои сакате да ги постигнете ќе бидат ваш фокус. Голема е веројатноста дека ќе добиете некои информации кои ќе ве упатат во вистински правец, со што ќе постигнете успех. Ова ќе биде година и на голем љубовен успех, бидејќи ќе можете да ги освоите сите околу вас. Ве очекува стабилна година на секое поле.

Коза

1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015

Ова е година кога активно ќе работите на тоа да бидете духовно поисполнети. Ќе имате креативна енергија и можно е да се одлучите за промени во кариерата. Ќе воспоставите контакти со луѓе кои ќе ви понудат некои конкретни идеи.

Мајмун

1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004

Можно е да се случат кризни ситуации, но на крај ќе испадне дека всушност може да профитирате од проблемите бидејќи ќе покажете неверојатна снаодливост и лидерска улога. Бидете внимателни со зборовите, бидејќи во 2023 ќе сакате да бидете критички настроени и саркастични, а тоа може да ви ги расипе односите со пријателите и со партнерот.

Петел

1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005.

Во 2023 посветете повеќе време на подобрување на односите со партнерот  и поминувајте повеќе време со него и неговите најблиски. Ќе се изненадите колку ваквата мала промена ќе може да внесе свежина во вашиот љубовен однос. Оние пак, кои се слободни, ќе почнав врска со личност од своето блиско опкружување. Ѕвездите исто така ве предупредуваат да бидете помалку себични.

Куче

1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006

Своите активности насочете ги кон работата, здравјето, домашните миленици и работите низ домот за кои вообичаено немате доволно време. Во состојба сте од својата потсвест да ја извлечете токму онаа мисла која ќе се покаже како камен темелник во решавањето на важи прашања кои ве мачат веќе со години. Цела 2023 ќе биде успешна за оние кои работат на своето тело и зголемување на енергијата преку вежбањето.

Свиња

1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007

Благодарение на вашата сензуална природа ќе целите кон поголема креативност во работата, но и кон подобра комуникација со децата. Во 2023 ќе бидете фокусирани на својот семеен живот, ве очекуваат повеќе прослави и големи случувања. Ќе целите кон тоа да ја промените својата рутина. Можно е да доживеете емотивни падови, но сепак генерално гледано, 2023 година за вас ќе биде среќна и успешна.