Меѓу љубовта и омразата линијата е тенка – Халид Муслимовиќ на бившата љубовница треба да ѝ исплати 71.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/22 7:00 PM

Меѓу љубовта и омразата линијата е тенка – Халид Муслимовиќ на бившата љубовница треба да ѝ исплати 71.000 евра

Окружниот суд во Приједор ја потврди првостепената пресуда и ја одби жалбата на пејачот Халид Муслимовиќ, кој ќе треба да ѝ плати долг од 67.000 евра на поранешната љубовница Соња Башиќ.

Со првостепената пресуда од 19 ноември 2020 година, судот наложи Муслимовиќ да ја плати споменатата сума на Соња Башиќ со која некогаш бил во врска. Пејачката поднела жалба на пресудата, но истата била одбиена.

Српски Телеграф пренесува дека со пресудата од 5 ноември, до која имале пристап, Муслимовиќ се наложува на Соња Башиќ да и плати 130.887 конвертибилни марки или нешто повеќе од 67.000 евра или околу 71.000 евра.

Дополнително, тој сноси и судски трошоци кои изнесуваат околу 8.000 КМ, односно 4.000 евра, па ќе треба да плати вкупно 138.887 КМ.

Башиќ која живее во Австралија му испратила големи суми пари, приближно 100.000 евра. Таа поднела тужба против пејачот откако тој одбил да ги врати позајмените пари и физички ја нападнал додека престојувала во Бања Лука.

Веста своевремено ја пренесоа и австралиските медиуми, тврдејќи дека Муслимовиќ измамил заљубена обожавателка и и украл значителна сума пари.

Башиќ го тужеше Халид и за физички напад, како и за неплатен долг.

Новинарите на Течлеграф.рс се обиделе да стапат во контакт со пејачот, но тој не се јавил на телефон. За разлика од него, Соња се огласи за „Телеграф“.

– Сè е бавно, но има правда. Халид нека ги  подготви клучевите од куќата, бидејќи тоа е следниот потег – рекла таа.

 

Извор: Телкеграф.рс